Вооружени лица упаднале во болницата каде е бебето кое се роди под урнатините во Сирија
Вооружени луѓе упаднале во болницата каде се наоѓа бебето Аја, кое се роди под урнатините во Сирија.
Информацијата ја потврди службеник на болницата, додавајќи дека напаѓачите го претепале директорот на клиниката, соопшти сирискиот портал ITV NEWS.
Но, службеникот, кој сакал да остане анонимен, ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека нападот во понеделникот вечерта бил обид за киднапирање на новороденчето, кое го доби името Аја.
Бебето заздравува од повредите во инкубатор во болница во Африн. Се појавиле луѓе кои тврдеше дека се роднини на детето, но тоа било лага. Детето остана сираче. Неговата мајка загина во земјотресот.
Фотографија Profimediа
Слично
