Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВООРУЖЕН НАПАД ВО БРИСЕЛ, ХАОС КАЈ ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Маж нападна луѓе со нож, има и ранети (ВИДЕО)

ВООРУЖЕН НАПАД ВО БРИСЕЛ, ХАОС КАЈ ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Маж нападна луѓе со нож, има и ранети (ВИДЕО)

Во метро станицата Шуман во бриселскиот кварт во близина на седиштето на европските институции вечерва се случи крвав инцидент кога маж со нож ги нападнал присутните.

Неколку лица се повредени, но полицијата брзо успеала да го уапси насилникот.

Човекот го започнал нападот со нож додека бил во вагон во метрото пред да истрча низ станицата обидувајќи се да ги нападне присутните, изјавија неколку очевидци. Еден млад човек е тешко повреден, а неколку од нив се здобиле со полесни расекотини. На местото веднаш пристигнале бројни полицајци и две возила на брза помош.

Човекот не бил на списокот за следење на Единицата за координација за анализа на закани, која ги следи терористичките активности во Белгија и не е познат на разузнавачките служби на Државната безбедност. Како таков, веројатно може да се исклучи терористички акт, пишува brusselstimes.

Врз основа на однесувањето на мажот, набљудувачите шпекулираа дека тој страда од психолошки проблеми. Во меѓувреме, персоналот кој работи во Европската комисија доби безбедносно предупредување да ја избегне областа на метро станицата Шуман.

Станицата во моментов е затворена по наредба на полицијата, а метрото е во прекин, соопшти бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ.


Слично

Поврзани вести