Вонредно: Руската војска ги уби сите водачи на терористичката Ал Нусра
Од Русија пристигнува вонредна вест која накратко ја соопштува министерството за одбрана на Руската Федерација.
Според првичните информации во воздушен напад на руската армија во Сирија тешко ранет е лидерот на џихадистичката организација Ал Нусра, додека пак 12 команданти на терористите се убиени.
Последен лидер на Ал Нусра беше самопрогласениот емир Абу Мухамед ал Џулани.
Се чекаат информации дали лидерот на Ал Нусра ќе успее да го преживее нападот, но неговите повреди се речиси фатални и прашање е на време. Наскоро ќе следат повеќе детали.
Ал Нусра e терористичка група која е наследник на Ал Каеда и оперира на територија на Сирија со амбиции да се прошири и во соседните земји на Блискиот исток за да го врати влијанието кое некогаш го имаше под водство на Осама бин Ладен.
