Вонредната состојба во Брисел продолжува, Салах Абдеслам и понатаму мета на полицијата
Трет ден Брисел останува парализиран од властите со највисок степен на опасност од напад, откако серијата полициски операции вчера не доведоа до апсење на Салах Абдеслам - клучен осомничен во истрагата на париските напади, пишува весникот „Либерасион“.Весникот посочува дека затворените училишта, детски градинки, метро и универзитети значат „нешто друго“ за Белгија.
„И покрај полициските операции со 19 претреси во реонот на Брисел и три во Шарлљороа, и 16 притворени, Салах Абдеслам кој е осомничен дека ја имал логистичката улога при нападите во Париз и Сен Дени останува на слобода“, пишува француското издание „Монд“.
Полициските мерки се водечки и во весникот „Фигаро“, каде се опишуваат празните кино сали, училишта, музеи, ресторани и супермаркети.
Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ го спореди Брисел со „градот на духовите“. „Како знак на загрижувачко настројување на кризниот телефон постапуваа до 400 повици на час, имаше и лажни сигнали за бомби во фламанскиот градови Вилворде и Мехелен“, пишуваат уште тие.
„Објавувајќи дека највисокиот степен на закана се задржува, премиерот Шарл Мишел предупреди дека одлуката ќе го отежни економскиот и деловниот живот во градот, но истакна дека Владата е должна да ги преземе своите одговорности“, пишува британскиот вестник „Индипендент“.
Слично
