ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УШТЕ ЕДНА РУСКА ОБЛАСТ: Пристигнуваат возови со речиси илјадници евакуирани од Донбас
Во руската
Ростовска област вчера е прогласена вонредна состојба поради приливот на
бегалци. Вонредна состојба е прогласена во областа Воронеж во Русија поради масовно
пристигнување на граѓани кои се евакуираат од Донбас, во источна Украина.
Според регионалната влада, вонредната состојба е прогласена поради зголемениот прилив на луѓе од самопрогласените Луганска и Доњецка народна република, пренесува РИА Новости.
Констатирано е дека е неопходно да се искористат сите ресурси со цел евакуираните што побрзо и поудобно да бидат сместени во центрите за привремено сместување, пренесува Танјуг. Утрово во Воронеж пристигна првиот воз со евакуирани граѓани на Донбас – 910 лица, меѓу кои 358 деца.
Наскоро се очекува уште еден воз, со приближно ист број патници. Самопрогласените републики Доњецк и Луганск во источна Украина во петок најавија почеток на евакуација на граѓаните во Русија, наведувајќи дека Киев наскоро ќе започне операција во Донбас.
