Вонредна состојба во Египет, стотици загинати
Египетските безбедносни сили во Каиро ги расчистуваат камповите со луѓето на Морси. Судирите земаа околу 100 жртви и е прогласена вонредна состојба. Ел Барадеј поднесе оставка. Полицијата и војската „конечната пресметка" ја започнаа пред околу 6 часа со целосна опрема и се упатија кон главните упоришта на демонстрантите во џамија на плоштадот Раб на улицата Нада. Дијде до силни судири а немирите се шират во Египет. Извештаите за евентуални жртви се драстично различни - АФП објави дека има 124 официјално загинати лица, официлајлните власти избројаа 96, а Муслиманското братство повеќе од 2.000.
Меѓутоа според последните податоци на Министерството за здравство загинаале 149, јави Би-Би Си.
Судирот на војската, полицијата и демонстрантите кои протестираа мирно повеќе од две недели траат со часови, има снајпери на покривите, а армијата користи оклопни булдожери и возила, солзавец и огнено оружје од кое постојано одекнуваат пукотници.
Според последните информации, привремената египетска влада прогласи вонредна состојба во земјата. Тоа стапи на сила во 16 часот, а ќе трае еден месец. БиБиСи објави дека египетската влада денес воведе едно месечен полициски час во Каиро и уште 11 други провинции. Полицискиот час, како што беше најавено, ќе се применуваат во текот на ноќта, од 19,00-6,00 часот по локално време.
Во престрелките беше јавено дека загинал и камерман на британската телевизија „Скај њуз“. Египетската Влада денеска побара од приврзаниците на Муслиманските Браќа да запрат со насилства и да не даваат отпор на властите, а од нивните лидери, да престанат да повикуваат на насилство, стравувајќи дека константната ескалација на судирите би можела да ја внесе земјата во сириското сценарио.
Реагираше и Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун. Побара воздржаност во земјата, а европските лидери упатија апел проблемите во Египет да се решат со дијалог. Белгија најави дека ќе ја затвори Амбасадата во Египет поради зголемените тензии во Египет, официјален Париз повика на смирување на ситуацијата во Египет и изрази силна вознемиреност поради насилството. Шефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг ја осуди денешната употреба на сила во Каиро, додавајќи оти стравува поради ескалација на насилството во земјата.Претходно, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд истакна дека одговорноста за настаните во Египет и за смртта на демонстрантите е на режимот. Иранското Министерство за надворешни работи го осуди насилството во Египет предупреди дека денешните настани би можеле да имаат сериозни последици.
Слично
