Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО БЕЈРУТ: Сите службеници од пристаништето одат во домашен притвор

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО БЕЈРУТ:  Сите службеници од пристаништето одат во домашен притвор

Во Бејрут прогласена e вонредна состојба на две недели. 

Либан прогласи вонредна состојба за градот Бејрут по катастрофалната експлозија вчера во пристаништето во која загинаа над сто луѓе, а беа повредени неколку илјади.

Владата одлучи да ги стави во домашен притвор сите службеници од пристаништето во Бејрут, задолжени за надзор и безбедност на магацинот. Војската ќе проверува дали се во домашен притвор  додека не се утврди одговорноста за вчерашната експлозија. 

Експлозијата се случи вчера попладне, а се смета дека е предизвикана од несоодветно чување на скоро 3 илјади тони амониум нитрат кој се користи за правење експлозиви, полнење гранати, но и за производство на вештачко ѓубриво. 

Се верува дека соединението бил сместено на пристаништето од 2013-та година.

Лидерот на либанската екстремистичка организација Хезболах, Хасан Насралах претходно се заканувал дека ќе го уништи Израел со голема експлозија слична на онаа во пристаништето Хаифа. 

Слично

Поврзани вести