Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Што се случува на Хаваите?

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Што се случува на Хаваите?

На Големиот остров во американската сојузна држава Хаваи е наредена евакуација на населението кое живее близу вулканот Килауеа по неговата ерупција и исфрлање лава на блиската населба.

АП пренесува дека властите на округот Хаваи соопштиле дека лава избила во близина на градот Пахоа и дека прво е евакуирано целокупното население на Лејлани естејтс каде живеат околу 1 500 луѓе.

Ројтерс наведува дека вчерашната ерупција следела по серија земјотреси на овој остров во последните неколку денови , од кои најсилниот изнесувал 5,9 степени по Рихтер.

Се наведува дека вулканот исфрлал лава до 46 метри височина.

„Звучи како млазен мотор. Жестоко е“, рекол за  "Honolulu star-advertajzer" .

Слично

Поврзани вести