Вонредна состојба: Поплавен појасот Газа
Обединтетите нации прогласија вонредна состојба во Појасот Газа после поплавите предизвикани од обилните дождови.
„Многу сме загрижени поради силните бури кои оваа година дошле порани, посебно имајќи ја предвид веќе направената штета и разорања“, рекол директорот на операцијата на ОН во Газа.
Обилните дождови кои почнале да паѓаат на 26 ноември, ја погодиле оваа мала територија додека илјада палестински семејства уште живеат во шатори или во рушевините на куќите.
Во населбите Шеджаија, каде во воздушните напади се оштетени многу куќи, мештаните се соочуваат со ладната зима без струја или вода, наведува Би-Би-Си.
Не се регистрирани жртви во текот на дводневните дождови, но стотина лица се евакуирани, додека 63 училишта се затворени во градот Газа. Повеќе од 400 000 Палестинци се раселени од завршувањето на судирите со Израел во август.
Во октомври, меѓународните донатори ветиле 5,4 милијарди за обнова на Газа.
