ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Њујорк ги мобилизира „FBI“ и полицијата по заканите на ИД
Полицијата во Њујорк го подигнала нивото на безбедност по повод најновите закани кои ги испрати Исламската држава, а во кои им порачува на своите истомисленици да „се кренат и да ги убиваат припадници на полициските сили, војници, припадници на безбедносните служби, но и цивили“.
Оваа закана особено се однесувала на територијата на САД, Франција, Австралија и Канада, кои до неодамна беа четирите главни мети.
Полициските службеници во Њујорк добиле инструкции да бидат „во состојба на најголема готовност и постојано да размислуваат на антитерористички тактики“, особено по ситуацијата која ја потресе цела Франција, но и светот.
„FBI“ и „NSA“ испратиле пораки со слични инструкции до своите вработени низ целата држава. Ваков степен на своевидна мобилизација и повик на подготвеност јасно наведува дека опасноста од Исламската држава, но и од Ал Каеда е навистина реална, наведува „CNN“.
„Не сметам дека сме под голема, но ниту под мала закана во однос на вчерашниот ден, но факт е дека мора постојано да бидеме подготвени“, изјавил Џон Милер, заменик на началникот за антитерористичките единици на нијоршката полиција.
Сепак, податокот дека само во Њујорк секојдневно на антитерористички тактики и анализи на напади работат повеќе од 1.000 лица, јасно укажува на висок степен на ангажираност на американските безбедносни служби.
Особено акцент се става врз анализата на неодамнешните терористички напади во Париз.
Слично
