ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Ќе има ли пуч во оваа земја?
Владата на Малдиви прогласи вонредна состојба поради политичката криза, што изби откако претседателот Јамин Абдул Гајум не ја испочитува судската наредбата за ослободување на лидерот на опозицијата, Мохамед Нашид.
Министерката за правда, Азима Шакур во обраќањето на националната телевизија објави дека во земјата е воведена вонредна состојба.
Врховниот суд на Малдиви минатата недела нареди ослободување на опозицискиот лидер Нашид, што предизвика тензии помеѓу судот и претседателот Гујам. Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите кои се обидоа да влезат во зградата на Парламентот. Кризата се прелеа на улиците, во вид на насилни протести во главниот град Мале.
Шакур не верува дека може да се примени одлуката на Врховниот суд.
