Економија, финансии, бизнис

Контакт

Volvo го пушта најдолгиот автобус во светот?

Volvo го пушта најдолгиот автобус во светот?

Volvo Gran Arctic 300 е долг над 30 метри и има капацитет за 300 патници. 

Volvo ќе го претстави најдолгиот автобус во светот. Тој се нарекува  Volvo Gran Arctic 300, долг е малку над 30 метри и може да собере до 300 патници во кабината, што се состои од три дела. 

Автобусот е создаден во Латинска Америка и е порачан од бразилските власти, за да се приклучи на локалниот систем за брз автобуски превоз, наречена BRT (Bus Rapid Transport). Таму повеќето автобуси се со капацитет од 150, 180 и 210 патници.

Gran Arctic е втор ваков автобус кој шведската компанија  го произведува за бразилскиот пазар. Првиот беше претставен уште во почетокот на 90-тите и имаше капацитет од 270 патници. Сега од Volvo сметаат дека зголемениот капацитет на новиот модел ќе доведе до потребата од помалку автобуси. При тоа ќе се намали цената за услугите и ќе помогне за намалување на сообраќајот и емисијата во густо населените градови на Бразил.



Слично

Поврзани вести