Володин: Руските војници не убиваат цивили, туку ги ослободуваат
Да водевме војна од полн размер, одамна ќе беше готова, вели претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин за Украина.
Тој изјави дека Русија спроведува „специјална воена операција со цел спасување животи на цивилите“, пренесува руската агенција ТАСС.
„Во тој случај Русија ќе ги користеше методите на Соединетите Американски Држави кои вклучуваат бомбардирање и нивната стратегија на „изгорена земја. Руските војници не убиваат цивили, туку ги ослободуваат, а понекогаш тоа го прават и по цена на сопствениот живот. Нашите војници даваат сè од себе за да ги спасат мирните жители“, заклучи Володин.
Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Поминаа два месеци, но засега нема решение на повидок. Илјадници цивили загинаа откако Русија ја почна инвазијата на Украина.
