Волкер: За воениот хаос во Украина виновна е директно Русија
Курт Волкер, претставникот на САД во украинските мировни преговори посочи дека Русија е директно виновна за воениот хаос во Источна Украина, каде луѓе умираат во тоа што, повеќе треба да се нарече „жестока војна” отколку „замразнат конфликт“.
Вашингтон овој конфликт го гледа како главната пречка за подобрување на односите со Москва и претседателот Путин.
- Ова не е замрзнат конфликт, туку жестока војна. Ова е непосредна криза, која сите треба да ја решиме што е можно поскоро, рече тој.
При посетата на Краматорск, град на 690 километри југоисточно од Киев, Волкер изјави дека ќе изготви препораки како САД подобро да учествуваат во мировниот процес.
Слично
