Вол Стрит бележи опаѓање
Индексите S&P 500 i Dow Jones опаднаа од рекордните нивоа, по инвеститорските колебања, поради слабеењето на индустриската активност во САД на крајот на првиот квартал.
Dow Jones падна за 0,04% на 14.572 поени, а S&P 500 за 0,45%, на 1.562 поени. Nasdaq опадна за 0,87%, на 3.239 поени.
Индексот за набавки на менаџерите, кој се вреднува како еден од клучните индикатори за состојбите во реалната економија, од 54,2 поени, во март паднал на 51,3 поени што е најниско ниво во три месеци.
Со оглед на тоа дека останаа да се објават уште неколку важни макроекономски податоци за март, аналитичарите проценуваат дека во првиот квартал економијата сепак пораснала значително побрзо од кварталот пред тоа, кога растот беше 0,4%.
Слично
