Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЈУВАЛ И ВО ЧЕЧЕНИЈА: Во Украина загина познат руски снајперист

ВОЈУВАЛ И ВО ЧЕЧЕНИЈА: Во Украина загина познат руски снајперист

Еден од најпознатите руски снајперисти загина во Украина, a рускиот претседател Владимир Путин ќе го одликува. 

Украинските медиуми објавија дека 51-годишниот Виталија Шаповалов починал во градот Часив Јар во регионот Донецк. Нема повеќе детали за неговата смрт. Информацијата за неговата смрт ја објавија и други странски медиуми. 

Шаповалов имал чин виш гардиски офицер-полковник и наводно ќе биде погребан со сите воени почести. Рускиот претседател, Владимир Путин, постхумно ќе го одликува со титулата Херој на Русија, највисокото државно одликување.

Како што пишуваат украинските медиуми, Шаповалов важел за легенда меѓу снајперистите во воените кругови и за личност која „одгледала неколку генерации снајперисти, од кои некои станале херои на Русија“.

Тој е одликуван за храброст и учествувал во пет шестмесечни ротации за време на војните во Чеченија. Војувал во Сирија две години како дел од руските сили.

Иако САД сакаат брз крај на војната во Украина, сепак мир не е на повидок. ЕУ наложи нов пакет санкции за Русија. 

Слично

Поврзани вести