Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЈСКАТА КОЈА ПУКА ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ, СЕ САМОУБИВА: Професорот по нуклеарна физика Бикит со детали

ВОЈСКАТА КОЈА ПУКА ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ, СЕ САМОУБИВА: Професорот по нуклеарна физика Бикит со детали

Досега ниту една нуклеарна централа не работела во воена зона, па Запорожје може да се нарече „темпирана бомба“, а доколку се наруши функционирањето на централата, катастрофата може да биде поголема отколку во Чернобил, вели Иштван Бикит, доктор по нуклеарна физика и почесен професор на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад.

„Опасноста од оштетување на реакторот е многу голема и е доста загрижувачка“, рече Бикит во Нови Дан на N1.

Тој објасни дека нуклеарната централа Запорожје има девет блокови и стара технологија и не е побезбедна од Чернобил. Тој додава дека тамошните реактори, за разлика од оние на Запад, немаат обвивка од армиран бетон што служи за ограничување на ширењето на радиоактивноста во случај на истекување.

Бикит нагласува дека војската која би пукала во нуклеарна централа „практично се самоубива“, и објаснува дека ако реакторот биде погоден, тоа нема да биде експлозија на нуклеарна бомба и нема да има „печурка“ од која луѓето се плашат.

-Опасноста е дека ладењето на реакторот ќе престане, а ако тоа се случи, може да дојде до хемиска експлозија, а тоа ќе ја ослободи радиоактивноста во атмосферата. Нуклеарната централа мора постојано да има струја, бидејќи ако ја снема, реакторот ќе се прегрее.

На прашањето кој ја мери радијацијата денес во Запорожје, тој вели дека е „речиси сигурен“ дека тоа го прави украинскиот персонал, веројатно и руската армија, а тимот на МААЕ сигурно ги има инструментите за тоа.

„Значи, има мерења, но не слушнав ниту една информација за тоа колку радијација има во околината“, рече тој.

Воениот аналитичар Александар Радиќ вели дека е очигледно дека околу електраната се користи артилерија и дека може да се нанесат големи штети.

На прашањето дали има меѓународни протоколи кои спречуваат загрозување на нуклеарната централа, Радиќ вели дека ништо напишано на хартија не може да спречи нешто да се случи на терен.

„Не постои механизам на кој можете да се повикате, освен здравиот разум“, рече тој.

ФОТО: EPA/YURI KOCHETKOV

Слично

Поврзани вести