ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo
Русија користи кинески и ирански борбени беспилотни летала
во војната против Украина, и балистички ракети, а на теренот има и
севернокорејски војници. Но,
се чини дека и војници од друга земја доаѓаат на помош.
Според „Фајненшл тајмс“, неколку стотици Хути пристигнале во Русија од Јемен преку „тајна шверцерска операција“, пренесува Дојче веле.
Цитирајќи некои од инволвираните мажи, угледниот медиум вели дека на борците од Јемен им биле ветени добро платени работни места и руско државјанство. Но, за возврат треба да одат на првата линија во Украина. Вакво нешто се случувало од јули, наведува FT.
Хутите имаат големо воено искуство, а се поддржани од Иран. Тие постојано напаѓаат танкери во Аденскиот залив, особено откако почна војната меѓу Израел и Хамас.
Информациите за јеменските војници во Украина беа тема и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија, каде германската министерка Аналена Баербок рече дека доколку нешто такво се потврди, ќе биде уште еден доказ дека нема ограничувања во начинот на кој Владимир Путин води војна.
Сепак, сето ова всушност потврдува дека Русите сами веќе не можат да водат војна против Украина. Според проценките, изгубиле околу 700.000 војници, имаат проблеми со мобилизацијата дома, бележат се поголем број дезертери на месечно ниво и затоа се принудени да се обратат за помош од своите сојузници.
фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA