Војници сексуално злоставувале жени кои се тестирале за коронавирусот
Скандал ја тресе Австрија откако се појавиле обвиненија дека војници сексуално злоставувале жени при масовното тестирање за коронавирус во градот Грац.
„Кронен Цајтунг” пишува дека обвиненијата на сметка на војниците се многу сериозни.
„Најмалку две лица пријавија сексуално злоставување од страна на војниците при процесот на тестирање на коронавирус во Грац“, изјавил портпаролот на воените сили, Михаел Бауер.
Тој рекол дека жените по тестирањето се контактирани преку Фејсбук.
Засега не е познато колку жени биле злоставувани, ниту, пак, колку војници се осомничени за злоставувањето, како ни што точно правеле. Бауер изјавил дека една пријава е отфрлена, бидејќи жената на крајот одлучила сето тоа да го сфати како шега. Властите ги повикале сите граѓани кои на било кој начин се оштетени да се јават во Министерството преку мејл или во канцеларијата.
Во Австрија досега се вакцинирани само 1,4 отсто од населението, што е помалку од планираното.
