Војници од Иран се присутни на Крим
Според Соединетите американски држави(САД), ирански војници се на Крим, каде им помагаат на Русите.
„Ирански војници се на теренот на Крим и обучуваат руски војници како да управуваат со беспилотни летала, вклучително и оние што ги гаѓаа украинските позиции во последните денови“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
„Фактот е следен - Техеран сега директно е ангажиран на терен и со обезбедување оружје што убива цивили и уништува цивилна инфраструктура во Украина“, рече тој, пренесе Политико.
Министерството за надворешни работи на Иран ги предупреди своите граѓани да се воздржат од патување во Украина, а на Иранците таму им беше кажано да ја напуштат земјата.
фото ЕПА
Слично
