Војници на САД повторно ќе се вратат во кобната Сомалија
Војници на САД по над 20 години повторно ќе служат во африканската земја Сомалија каде имаат многу лошо искуство во 1993-та со борбена акција во која беа соборени два хеликоптери „Црн сокол“, а загинаа десетици припадници на армијата. Сега мисијата на Пентагон која е одобрена од претседателот Трамп ќе биде советување на сомалиската армија во борбата со исламската радикална група Аш Шабаб.

Целта меѓу другото ќе биде и полесно обезбедување пристап за извршување на воздушни напади, како и подобра контрола на терен на важни параметри.За таа цел САД ќе испрати десетици војници кои ќе бидат во редовна служба во Сомалија.
Американско африканската команда соопшти дека распоредувањето на американските војници има за цел логистичка обука на сомалиската армија, која се бори против екстремистите на групата Аш Шабаб.
