Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војници на Азербејџан ги уништуваат ерменските гробишта

Војници на Азербејџан ги уништуваат ерменските гробишта

Азербејџанските војници уништуваат ерменски гробишта во областите во кои презедоа контрола во регионот Нагорно - Карабах. 

Видео со ваква содржина се појави на интернет. 

Се слуша смеењето на лицето кое снима, а контроверзното видео беше објавено на социјалната мрежа „ТикТок“.

„Ова е причината зошто Ерменците понесоа со себе и надгродни плочи и телата на своите најблиски при напуштањето на Карабах“, изјави локален жител за тамошните медиуми.

Во регионот неколку седмици имаше воени дејствија, по што е потпишан мировен договор. 

Пред да си заминат, Ерменците ги палеа своите куќи, но и ги откопаа покојните, за да нема сквернавење. 

Слично

Поврзани вести