Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војната во Украина нема брзо да заврши, тврди руски дипломат и објаснува зошто

Војната во Украина нема брзо да заврши, тврди руски дипломат и објаснува зошто

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е еден од политичарите кои се залагаат за ставање крај на војната во Украина, но таа нема да заврши брзо. 

Ова го тврди високиот руски дипломат Генадиј Гатилов, постојан претставник на Русија во Обединетите нации во Женева.  Вели дека како одминува времето, да се најде решение ќе биде потешко. 

Тој ја отфрли можноста војната да се реши со преговори.  Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Гатилов изјави дека нема да има директни средби меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, пренесе Би-би-си. Гатилов велеше дека Киев и Москва се „многу блиску“ до договор за прекин на конфликтот во април, а потоа го обвини Западот дека го продолжува конфликтот „до последниот Украинец“. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина, а Киев објави дека досега изгубиле околу 9.000 војници. 

Зеленски денеска предупреди дека доколку се потврдат информациите дека Русија подготвува терен во Мариупол за судски процес против заробените украински војници од овој град, сите шанси за преговори меѓу Москва и Киев ќе пропаднат.

Слично

Поврзани вести