Војната во Украина може да трае со месеци или со години, вели британски политичар
Политичар од Британија има песмистична прогноза за тоа колку ќе трае војната во Украина.
Британскиот вицепремиер, Доминик Рааб за „Скај њуз“ изјави дека војната во Украина би можела да трае со месеци, ако не и со години. Според него, сојузниците мора да покажат стратешка издржливост за да обезбедат неуспех на рускиот претседател, Владимир Путин. Рааб вели дека Украина се покажала како многу потежок противник отколку што очекувал Путин.
„Кога ќе погледнеме што направи Путин во минатото, кога ќе ги погледнеме војните во кои учествуваше, тактиката во Сирија… Мислам дека нема тактики што тој би ги избегнал. Но, морам да го кажам ова: НАТО и земјите од Централна и Источна Европа се апсолутно одлучни околу нападот врз Украина и ние ќе ги поддржуваме до крај“, рече Рааб.
Веќе 11 дена има војна во Украина. На 24 минатиот месец, Русија ја нападна Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск во Украина.Тој има неколку барања за Украина, а уверува и дека Русите во Украина со години биле малтретирани.
