Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војната во Украина ќе трае со години?

Војната во Украина ќе трае со години?

Конфликтот во Украина ќе продолжи со години, велат од Пентагон.  Пентагон објави предвидување дека војната ќе се одолговлекува. Сметаат дека оваа војна ќе биде многу долга. 

„Сметам дека неговото времетраење ќе се мери со години. Не знам дали можеме да помислиме на една деценија, но барем неколку години сигурно“, вели претседателот на Советот на генералштабот на САД, генерал Марк Мили. 

Мили додаде дека тоа е долготраен конфликт меѓу Русија и Украина, во кој САД и сојузниците и партнерите на НАТО „ќе бидат инволвирани уште долго време“.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан претходно изјави дека според проценките на Вашингтон „следната фаза од украинскиот конфликт може да се мери во повеќе од месеци“.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на републиките Доњецк и Луганск, региони во Украина каде е концентрирано руското малцинство.  Русија бара Украина да биде неутрална, да се денацифицира, но и припојување на споменатите територии каде живеат Руси, а за Крим сметаат дека тоа е затворено прашање и дека тој секако ќе се присоедини со Русија. 

Во Украина има сериозни обвинувања за извршени воени злосторства во Буча. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести