Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војната во Украина ќе стигне до Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург?

Војната во Украина ќе стигне до  Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург?

Војната во Украина порано или подоцна ќе стигне до најголемите градови во Русија, вели советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак. 

Тој смета дека во Русија ќе има ескалација.  Подољак не објасни кој точно и зошто ќе организира вакви напади, а како причина го наведе „неинформираноста“. Тој нагласи дека „Украина не ја напаѓа Русија“, но „логиката на војната“ му дозволува да даде таква прогноза.

„Такви градови кои се разгалени, мрзливи, кои мислеа дека живеат во друга реалност, како што се Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург“, изјави советникот. 

Руските власти веќе почнаа да ја подготвуваат Москва за заштита од можни удари на украински беспилотни летала. Се појавија фотографии и видеа од распоредувањето на системи за противракетна одбрана во главниот град.

Претходно, имаше напади на руски бази длабоко во внатрешноста на Русија. Украинската војска потврди дека се повлекла од источното рударско гратче Соледар. Русија пред десетина дена објави дека ја презела контролата врз Соледар, додека Киев тврдеше дека и натаму се водат борби. Воените аналитичари велат дека Соледар нема големо стратешко значење зашто станува збор за мал град, но неговото освојување е прв воен успех за Русија од август. Во градот пред војната имало 10.000 жители. Војната во Украина почна лани на 24 февруари. 

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров кажа дека биле на чекор до договор со Украина, но се вмешал Западот. 

Слично

Поврзани вести