Војната во Украина би можела да заврши за две до три недели, тврди Арестович
Војната би можела да заврши за две до три недели, вели советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Тој денеска изјави дека за Русија и понатаму приоритет е преземање контрола врз Киев, но дека таквиот обид би бил „самоубиство“ за Москва.
Според него „активните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за две до три седмици.
Руските сили речиси четири недели, уште од почетокот на инвазијата, се обидуваат да го заземат главниот град на Украина.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека „не остана ништо“ од Мариупол, откако Киев апелираше до Москва да им дозволи на цивилите да го евакуираат опколениот јужен пристанишен град.
foto Wikipedia
Слично
