Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војната во Сирија го намалила БДП на земјата за половина

Војната во Сирија го намалила БДП на земјата за половина

Обновата на економијата до нивото од пред конфликтот ќе потрае повеќе од 20 години, се наведува во извештајот на ММФ.

Бруто домашниот производ на Сирија (БДП) се намалил за 57% во периодот од 2010 година до 2015 година, а обновата на економијата до нивото од пред конфликтот меѓу владата и опозициските групи,  може да потрае две децении. Според извештајот производството на нафтено-гасниот сектор во земјата се намалуваат со 28% годишно од 2011 година до 2015 година. Последиците од војната се исто така пад на производството и извозот на стоки, разурнувања на инфраструктурата, недостиг на електрична енергија за индустријата, тешкотии при наоѓање на финансирање на економијата.

Според извештајот пред конфликтот Сирија презела мерки да ја поддржи економијата и да ја намали зависноста од производството на нафта и гас. Иако нивото на невработеност и сиромаштијата биле високи, инфлацијата во земјата била контролирана и ниска, а енергетските субвенции биле намалени.

Во 2010 година населението во земјата изнесувало 22,1 милиони луѓе, а во моментот е околу 20% помалку. Околу 4,7 милиони луѓе избегале од Сирија во соседните земји, 900 000 побарале азил во Европа, а 7,6 милиони луѓе во земјата се внатрешно раселени.

Во извештајот се поставува и  прашањето што треба да се направи, откако ќе заврши конфликтот. На краток рок економските мерки треба да се фокусираат на сиромашните, а откако обновата ќе започне, ќе треба да се насочи кон секторите надвор од нафтениот, изградба на јавните институции, спроведување на обуки и воведување на технологија за зголемување на продуктивноста.

Слично

Поврзани вести