Економија, финансии, бизнис

Контакт

Војната против Исламската држава ќе трае со години?

Војната против Исламската држава ќе трае со години?
САД и нивните сојузници влегуваат во повеќегодишна борба со терористичката организација Исламска држава, проценува Пентагон. Соред проценките на воените експерти, и покрај силните воздушни напади, борбата против џихадистите нема да биде ниту кратка, ниту лесна. Американската војска се уште ја проценува штетата што успеа да им ја нанесе на екстремистите со синоќешните ракетирања на нафтените капацитети во Сирија, кои на Исламската држава и носат приход од околу два милиони долари на ден. Портпаролот на Пентагон, адмиралот Џон Кирби, истакнал дека нападите биле фокусирани на „инфраструктурата околу рафинериите“ со цел да се онеспособи Исламската држава за производство на нафта. Но, и во тој случај се поставува прашањето колкав ќе биде ударот врз терористичката организација, која според аналитичарите има пристап до милијарди долари од различни извори. „Дури и ако денеска го запреме нивното производство на нафта, тие веќе имаат околу милијарда долари во банка“, оценува пензионираниот полковник во американската војска Питер Менсур. Тој појаснува дека Исламската држава запленила над 300 милиони долари од централната банка во Мосул, Ирак, а терористичката организација добива и милиони долари од европски влади во замена за заложници. Американските официјални претставници признаваат дека нападите засега се фокусирани на рафинериите, но додаваат дека наскоро ќе мора да се искористат и други економски механизми за да се пресече финансирањето на џихадистите.
Слично

Поврзани вести