ВОЈНАТА ЌЕ ЗАВРШИ: Трамп вели дека во вториот мандат завршил шест војни
Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека во вториот мандат кој му почна годинава, успешно завршил шест војни.
„Војната ќе заврши. Овој господин (Претседателот на Украина, Володимир Зеленски) сака да заврши, Владимир Путин сака да заврши, сите сакаат да завршат. Светот е уморен. Завршив шест војни, не вклучувајќи го фактот дека го уништивме идниот нуклеарен капацитет на Иран. Мислам дека и оваа војна ќе ја решиме“, рече Трамп.
Според него, ќе нема прекин на огнот, туку целосен крај на војната.
„Ќе имаме целосен мир. Се надевам дека ќе биде веднаш, дека нема да трае војната и мислам дека луѓето од целиот свет ќе бидат среќни“, посочи Трамп.
МУ ИСПРАТИ ПИСМО НА ПУТИН, ПА СИ ДОБИ СВОЕ: Првата дама на Украина и пиша на Меланија ТрампОВА Е ВОЈНА НА БАЈДЕН: Трамп вели дека и Путин сака мир во Украина
ЗЕЛЕНСКИ ПРИСТИГНА ВО БЕЛАТА КУЌА: Прво ќе разговара со Трамп на само, а потоа заедно со европските лидери
ФОТО: ПОЧНАА ДА ПРИСТИГНУВААТ - Европските лидери влегуваат во Белата куќа
Слично
