ВОЈНАТА ЌЕ ТРАЕ КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО: Путин вели дека немал друг избор
Се јави и рускиот претседател Владимир Путин со изјава откако утрово Русија ја нападна Украина.
„Русија немаше друг избор“, изјави Путин, пренесе „Спутник“.
Обраќајќи им се на претставниците на руската деловна заедница, Путин рече дека „Москва нема друг избор освен да дејствува во Украина и дека руските партнери треба да го разберат тоа и да не ги туркаат од системот“.
Путин, рече дека владата треба да им даде поголема слобода на претприемачите, „но дека не може да предвиди геополитички ризици“.
Тој призна дека, иако средбата со претставниците на бизнис заедницата била однапред планирана, таа сепак се одржала „под нестандардни услови“.
„Не ни оставија никакви шанси да постапиме поинаку. Безбедносните ризици беа создадени на тој начин што беше невозможно да се одговори со други средства“, рече тој.
Путин во четвртокот рано наутро изјави дека „одлучил да започне специјална воена операција“.
Како што наведе „Спутник“, тој ја нарече ситуацијата „живот и смрт“ за Русија по годините поминати од земјите од НАТО.
Русите се на само 15 километри од Киев, додека НАТО распоредува дополнителни сили на исток и има 100 авиони на подготвеност.
Кремљ во четвртокот објави дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно.
