„ВОЈНАТА Е ГОТОВА, РУСИЈА ПОБЕДИ“: Познатиот новинар обелодени информација на американската разузнавачка служба
Русија победи во конфликтот во Украина, но Белата куќа и западните мејнстрим медиуми продолжуваат да лажат за тоа, му рекол анонимен извор од американската разузнавачка заедница на познатиот новинар Сејмур Херш.
Има значајни елементи во американската разузнавачка заедница, кои се потпираат на извештаите од теренот и техничкото разузнавање и кои веруваат дека деморализираната украинска армија се откажала од можноста да ги надмине силно минираните трислојни руски одбранбени линии, пишува Херш на својата Блог „Сабстек“.
- Војната заврши. Русија победи. Нема повеќе украинска офанзива, но Белата куќа и американските медиуми мора да ја поддржат лагата – го цитира Херш својот анонимен соговорник на „Сабстек“.
Неговиот соговорник посочува дека главните елементи на украинската армија, по страшните загуби на опрема и персонал, како и незначителен напредок, практично ја откажале офанзивата без да ја најават.
Како што истакнува, се уште не се зборува за прекин на огнот бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира на продолжување на конфликтот.
- Војната продолжува, бидејќи Зеленски инсистира на тоа. Нема разговори за примирје ниту во неговиот штаб, ниту во Белата куќа, бидејќи не се заинтересирани за преговори со кои би се ставил крај на масакрот – пишува Херш, повикувајќи се на разузнавачки извор.
Изворот на Херш додава дека сите изјави на Киев за успеси во контраофанзивата се лаги и дека украинските војници освоиле само расфрлани делови од територијата, а темпото на нивниот напредок се мери во метри неделно.
Познатиот новинар посочува дека ставот на неговиот соговорник е дека може да дојде до бунт во украинската армија доколку и се нареди да се продолжи со офанзивата.
- Вистина е дека ако на украинската армија и се нареди да ја продолжи офанзивата, војската ќе се побуни. Војниците не сакаат повеќе да умираат, но тоа не се совпаѓа со глупостите напишани од Белата куќа - предупредува соговорникот на Херш.
