ВОЈНАТА ДОПРВА ПОЧНУВА: Што им подготви сега Трамп на Кинезите?
САД најавија дека ќе воведат тарифа од 25 отсто на кинеските технолошки производи во вредност од 50 милијарди долари.
Тарифите , како што е соопштено од Белата куќа, ќе бидат применети на производи од програмата „Made in China 2025“ , а до 15 јуни ќе ја објават целосната листа на производи кои ќе се најдат на удар на нови даноци.
Белата куќа исто така најави дека до крајот на јуни ќе воведе нови ограничувања на инвестициите и зголемени контроли на извозот за кинеските поединци и ентитети поврзани со „преземање на значајни индустриски технологии“.
Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати го критикуваше големиот дефицит на САД кои го имаат во трговијата со Кина, а кој лани изнесувал 337 милијарди долари.
Големиот дефицит, според негови зборови, е доказ дека официјален Пекинг применуван нефер трговска пракса.
