ВОЈНА ВО НАЈАВА: Антитерористичка операција во источна Украина, граѓаните предупредени да останат дома
Антитерористичка операција заочна украинската полиција утрово во источниот град Славјанск, во обид да се пресмета со проруските демонстранти кои зазедоа неколку згади на полицијата и безбедносните служби. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков побара од граѓаните да останат во своите домови и да се тргнат од прозорците, поради можни истрели на огнено оружје.
„Учествуваат единици на сите сили во земјата. Нека ни помогне Бог!“, напишал министерот на Фејсбук. „Пренесете им на сите цивили, нека го напуштат центарот на градот, нека не излегуваат од своите домови нека стојат подалеку од прозорците“, додал тој.
Аваков не навел повеќе детали во пораката, но на социјалните мрежи жители на Славјанск објавуваат дека од утрово слушаат пукотници низ улиците на градот. Украинскиот Совет за безбедност вчера заседаваше три часа, барајќи начин да се справи со ситуацијата во источна Украина, каде што вооружени проруски демонстранти окупираа згради во повеќе градови и бараа отцепување и приклучување кон Русија.
Слично
