ВОЈНА: проруските сепаратисти урнаа украински хеликоптер!
Се разгорува во Украина. Денеска 14 војници, вклучувајќи и еден генерал загинале откако проруските сепаратисти собориле воен хеликоптер во близина на Словјанск каде што имало интензивни борби.
„Штотуку ја примив информацијата дека терористите користејќи руски противвоздушни проектили урнале наш хеликоптер недалеку од Славјанск. Хеликоптерот превезуваше војници кои требаше да преземат смена. Убеден сум дека нашите воени сили ќе го довршат чистењето на подрачјето од терористите и дека злосторниците кои ги финансира Русија ќе бидат елиминирани или ќе се најдат на обвинителната клупа", изјавил Турчинов во Врховната Рада, парламентот на Украина, пренесува агенцијата УНН.
Украинските владини сили ја продолжуваат офанзивата против сепаратистите на истокот на Украина. Тие пак денеска соопштија дека држат четворица посматрачи на ОБСЕ кои исчезнаа во почетокот на неделата. Во меѓувреме, Русија побара од владата во Киев да ја запре офанзивата и побара од Западот да ја спречи катастрофата во Украина.
Слично
