Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВОЈНА НА ДВА ФРОНТА: Израел отвори оган и кон Либан!

ВОЈНА НА ДВА ФРОНТА: Израел отвори оган и кон Либан!
Израелската војска потврди вечерва дека отворила артилериски оган и кон соседен Либан, во одговор на ракетен напад од територијата на оваа земја. Војската објави дека од Либан кон Израел вечерва биле истрелани две ракети и дека нема повредени или нанесена материјална штета. Во соопштението се наведува дека израелската војска возвратила со артилериски оган кон „изворот на нападот“. Во Израел се стравува дека есктремистички групи во Либан би можеле да отворат уште еден фронт за израелската војска, која во моментов е ангажирана во офанзива кон Појасот Газа, кој се наоѓа на сосема спротивната страна. Нови ракети упатени од Газа вечерва биле пресретнати и уништени над Тел Авив, а во израелските контра-напади на палестинскките територии загинале уште 15 Палестинци. Со ова бројот на загинати од почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа се зголеми на над 135, додека повеќе од 700 се повредени. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ги повика Израел и исламското движење Хамас да го прекинат огнот и да ги почитуваат меѓународните закони за заштита на човековите права. Но, двете завојувани страни засега ниту не помислуваат на примирје.  
Слично

Поврзани вести