Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воените вежби во Алжир со поддршка од Русија се опасност за целиот регион

Воените вежби во Алжир со поддршка од Русија се опасност за целиот регион

Неодамнешните заеднички воени вежби помеѓу Алжир и Москва во Бехар, во близина на границата со Мароко предизвикуваат загриженост.

Русија и Алжир преземаа заеднички воени маневри од 16 до 28 ноември во регионот Хамагур во Бехар, северозападен Алжир, во непосредна близина на границата со Мароко.

Воените врски помеѓу Алжир и Москва во последните месеци се засилуваат со разни воени вежби помеѓу двете нации, како и со други земји, и истите продолжуваат да се развиваат со неодамнешните воени маневри во Бехар, со што истите добиваат форма на тактички анти-терористички тренинг, на само 50 километри од границата со Кралството Мароко, кое е сосед на Шпанија и е лоцирано во близина на влезот во јужна Европа. Што е уште поважно, ова е симболичен простор затоа што истиот е лоциран на местото на поранешната воена база на Франција на територијата на Алжир, која била користена за усовршување на балистичко оружје.   

НАТО и Западот покажаа загриженост за руската инвазија на Украина, прогласена од страна на претседателот Владимир Путин во февруари, и оваа загриженост продолжи во текот на следните месеци следствено на конфликтите. Но, во моментов грижите уште повеќе се зголемуваат со присуството на руските трупи на „влезот“ на јужна Европа, додека истовремено Русија продолжува да вознемирува на јужниот фронт со Украина. 

Во оваа ситуација Алжир се појавува како најдестабилизирачки елемент во интернационалната загриженост околу Русија. Фазата на воена соработка помеѓу Северно Африканската земја и Русија има долго минато. Во октомври 2021 двете земји изведоа заеднички воени вежби во Северна Осетија, во кои учествуваше и алжирскиот контингент. Во септември 2022, единица од 100 војници од алжирската војска учествуваше во Восток 2022 вежбите на далечниот исток на Русија, во која беа вклучени вкупно околу 50,000 трупи, 5,000 единици со тешко вооружување, 140 авиони и 60 брода. Во продолжение, поморските воени вежби помеѓу руските и алжирските вооружени сили се водат во континуитет во текот на последните две години. 

Руско-алжирската соработка е интензивна, а како последен пример може да се наведе воената вежба во Бехар. Непосредно пред овие вежби, водачот на Руската федерална служба за воена и техничка соработка, Дмитри Чугаев, патуваше во Алжир каде оствари средба со шефот на генералштабот на Алжирската национална војска, Саид Ченгриша, на 10 ноември 2022.

Оваа средба ги консолидираше врските помеѓу двете војски, со оглед на тоа што истата се случи во момент на позадински пораст од 120 проценти на алжирскиот буџет за одбрана, од 10 билиони долари на 23 билиони долари до 2023 година, што, според мароканските медиуми, го претвора регионот во „буре барут“. Ова исто така можело да биде интересно за Русија, која на Алжир гледа како на истакнат воен партнер и важен извор на приход кој би можел дел од буџетот да го троши на руско вооружување т.е. приход кој би бил наменски одреден за воената кампања во Украина, што беше истакнато од повеќе експерти. 

Според разни експерти, загриженоста е сега широко распространета затоа што вежбите во Бехар всушност испраќаат порака од Москва до западот, односно дека Русија е способна да ги распореди своите сили во близина на западноевропските интереси во западниот Медитеран. 

Во меѓувреме, руско-алжирското партнерство можеби се разликува од официјалниот став на Алжир кој прокламира неутралност, бидејќи очигледно постои соработка со земја која во моментов води војна во срцето на Европа и доби неодобрување и санкции од различни видови од поголемиот дел на Западот и меѓународната јавност. 

Русија може да го искористи своето присуство во Алжир, кое на кратко растојание од влезот во јужна Европа, како закана и демаркација помеѓу западната зона на влијание и онаа на поранешниот социјалистички клан; на ова место би било добро да се потсетиме дека во ерата на Студената војна, Алжир беше земја сојузник на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), од причина што имаше еднопартиски систем како и комунистичките земји од советската сфера. 

Алжирското усогласување со руските позиции се смета за штетно за западните геополитички интереси од разни аспекти. Од таа причина западните земји треба да ги разгледаат нивните стратегии и партнерства со Алжир. Оваа северно-африканска земја буквално „игра“ со двете страни на Атлантикот од причина што истата продолжува да има корист од нејзините енергетски договори со Западот, бидејќи истата е и важен светски добавувач на гас, додека истовремено продолжува да ја зголемува својата воена соработка со Москва. 

Од таа причина, седумнаесет членки на Европскиот парламент повторно ја нагласија својата загриженост околу зголемената поддршка на Алжир кон Русија. 

Во писмото напишано од пратениците, адресирано до заменикот претседател на Европската комисија, Јозеф Борел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, тие изразија длабока загриженост околу „постојано-растечките“ врски помеѓу Русија и Алжир во екот на украинската криза. 

Во писмото исто така беше изразена и „запрепастеноста“ на пратениците во врска со одлуката на Алжир да се воздржи од гласање за резолуцијата на Обединетите нации со која рускиот чин на војна во Украина беше осуден. 

„Алжир и се приклучи на Сирија и 23 други членки во гласањето против исклучувањето на Русија од Советот за човечки права на Обединетите нации“, предупредија пратениците, потенцирајќи дека оваа одлука ја рефлектира алжирската „поддршка на геополитичките аспирации на Москва.“ 

Потсетувајќи се на силниот сојуз помеѓу Алжир и Москва, писмото во продолжение го осуди вмешувањето на Алжир во екстравагантно трошење на руско оружје, потенцирајќи дека алжирскиот режим е „помеѓу врвните четири купувачи на руско оружје во светот, кулминирајќи со повеќе од 7 билиони евра вредни договори за оружје во 2021“. 

Конзулат на Мароко

Слично

Поврзани вести