Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воената закана од Пјонгјанг подигната на ново „високо“ ниво

Воената закана од Пјонгјанг подигната на ново „високо“ ниво
Најновите сателитски снимки прикажуваат докази дека Северна Кореја развива ракетен систем кој се поставува на подморници со што воената закана од оваа земја е подигната на ново, високо ниво. Како што соопштува Американско – корејскиот институт на универзитетот Џонс Хопкинс ваквото вооружување му овозможува на Пјонгјанг  да изврши воен удар далеку од Корејскиот полуостров. Сателитските снимки го покажуваат комендниот мост на новата севернокорејска подморница, со една или две вертикални лансирни  цевки за балистички или крстаречки ракети, се вели во соопштението на американско – корејскиот институт. „Пловилото би можело да послужи за експериментален тест за ракетна технологија за напад на копно која, доколку успее, би можела да биде интегрирана во новата класа подморници“, се вели во анализата на институтот, пренесува „АФП“. Агенцијата наведува дека развојот на лансирањето ракети од подморница го подигнало нивото на закана од Северна Кореја на ново, високо ниво, овозможувајќи употреба на ракети далеку од копното на Корејскиот полуостров. Истиот американски институт забележал дека Пјонгјанг се уште не поседува таква способност и нагласил дека производството на такви ракети „ е исклучително скап и долготраен процес без гаранција за успех“. Истовремено американската научна институција укажува дека севернокорејската поморска флота се состои од многу застарен арсенал од времето на СССР и модифицирани кинески пловила со потсетување дека експериментирањето со вакви ракетни системи трае веќе подолг временски период.  
Слично

Поврзани вести