Економија, финансии, бизнис

Контакт

Воена лабораторија во САД испратила живи примероци на антракс

Воена лабораторија во САД испратила живи примероци на антракс

Живи примероци на антракс до приватни лаборатории во 9 американски држави и до воената база во Јужна биле испратени по грешка од лабораторија од американскиот институт Јута, соопшти Пентагон.

Военото министерство потврдило дека нема информации за евентуално заразување со опасната болест.

Четворица цивили американски граѓани сепак почнаа да преземаат превентивни мерки, кои обично вклучуваат вакцина против антракс, антибиотици или комбинација од двете.

Одделно 22 вработени во американска база во Јужна Кореја биле подложени на итно лекување, бидејќи биле изложени на веројатно живи примероци на антракс.

Примероците треба да бидат испратени во неактивна состојба како дел од напорите на американската армија да развие теренски тест за идентификација на биолошки закани. Инцидентот се истражува.

Слично

Поврзани вести