ВОЕНА ДОКТРИНА НА РУСИЈА – НАТО главна закана
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет за воената доктрина на Русија, со која е прецизирана постоечката доктрина , соопшти Кремљ.
Во новото издание на текстот зајакување на воениот потенцијал на НАТО е меѓу главните надворешни закани за Русија.
Покрај тоа, меѓу главните закани се и глобалните функции на НАТО кои се остваруваат со кршење на нормите на меѓународното право, како и приближување на воените инфраструктури на земјите-членки на Алијанската на руските граници, помеѓу останатото понатамошно ширење на тој блок.
Иновираната Воена доктрина на Русија меѓу главните надворешни опасности ги вклучила и инсталирањето и зајакнувањето на странски воени контингенти во земјите кои и се во соседството, користење на воена сила на нивна територија со кршење на нормите на меѓународното право , појавување на жаришта и ескалација на вооружените конфликти.
На листата надворешни опасности се и територијалните претензии кон Русија и нејзините сојузници и мешање во нивните внатрешни работи, наведува руската агенција.
Доктрината е прецизна во согласност со одлуката на Советот на безбедноста на Русија од 5 јули 2013 година, а тој совет ги одобрил и измените на 19 декември оваа година.
Другиот декрет е објавен на официјалниот сајт, а претходната доктрина престанала да важи.
