Воен авион со пет војници се урна во јужна Калифорнија
Воен авион се урна во Калифорнија, САД, при што загинаа најмалку пет лица.
Авионот се урнал во Империјалниот округ во близина на автопатот 78, според прелиминарните извештаи, пренесува Daily Mail.
Официјални лица веруваат дека во моментот на несреќата во авионот имало најмалку пет лица.
„Се претпоставува дека сите пет патници се мртви“, напиша репортерот на FOX 5, Малик Ернест на својот Твитер профил.
Не е познато што ја предизвикало несреќата .
Во тек е истрага.
Армијата ги демантираше информациите дека авионот превезувал радиоактивен материјал кога се урнал кај Гламис, на 35 километри од границата со Мексико.
„Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина на Гламис“, рече портпаролот.
„Воени и цивилни спасувачки тимови се на местото на несреќата. Авионот не превезувал радиоактивен материјал, како што можеше да се прочита на социјалните мрежи“, додаде тој.
Воената база на морнарицата, која се наоѓа недалеку од местото на несреќата во Јума, Аризона, има голем број авиони MV-22 Osprey со вертикално полетување.
Војската на САД веќе имаше неколку несреќи со овој модел на авион, вклучително и вежбата на НАТО во Норвешка во март, во која загинаа четири лица.
Additional radio traffic indicates at least four people are dead as a result of a military aircraft crash in the Imperial County area of California near Highway 78. Rescue teams are still searching for a 5th person that remains unaccounted.
— Malik Earnest (@MalikEarnest) June 8, 2022
