Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водата носеше автомобили во Белгија, нови поплави

Водата носеше автомобили во Белгија, нови поплави

Повторно невреме ja погоди Белгија, а засега има само материјални штети. 

Водата носеше автомобили во градот Динан. Поплави имало и во градот Намур, јави телевизискиот канал RTBF. Таму ѕид се урнал врз коловозот близу едно казино, а повеќе домови морало да бидат евакуирани. Во регионот Валонски Брабант пријавени се одрони, а во регионот Антверпен на севеорт на земјата спасувачките служби примиле повеќе повици за помош. Во оваа област многу куќи се поплавени, а една куќа е уништена од гром.

Месецов имаше една поплава во Белгија. Тогаш земјата пријави 36 загинати, а седум лица сѐ уште се водат како исчезнати.

Поплави со голем број жртви имаше во Германија и Кина. Украина, Романија, Турција исто така се соочија со поплави. 

Слично

Поврзани вести