Економија, финансии, бизнис

Контакт

Vodafone бележи пад на добивката

Vodafone бележи пад на добивката
Нето профитот на бритaнскиот „Vodafone“ се намалил за 90 проценти поради големите трошоци во презадолжените земји како што се Италија и Шпанија. Добивката пред оданочувањето потонала на 673 милиони фунти 796 милиони евра во фискалната година која заврши на 31 март, во споредба со профитот од седум милијарди фунти (8,3 милијарди евра) во 2011/2012 година, наведува компанијата, пренесува агенцијата АФП. Се соочивме со тешкотии поради комбинацијата на долготрајно тешките економски услови, особено во Јужна Европа и прописите кои не ни се од корист, изјави извршниот директор на „Vodafone“ Виторио Волао. Приходите на „Vodafone“ истовремено се намалија за 4,2 проценти. На работењето на британската компанија во Италија и Шпанија значително влијаеше долготрајната должничка криза во еврозоната. „Vodafone“ наведува дека во текот на последната финансиска криза во тие земји забележал загуба од 7,7 милијарди фунти (9,1 милијарди евра).
Слично

Поврзани вести