Водафон сака да го преземе Кабел Дојчланд
Германските власти соопштија дека не гледаат пречки за планот на британски Водафон да го преземе најголемиот германски кабловски оператор Кабел Дојчланд.
Барањето сега ќе биде проследено до европските органи за контрола на конкуренцијата, рече претседателот на германската антимонополска агенција Андреас Мундт за Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Кабел дојчланд е водечки кабловски оператор во Германија и пружа услуги за телевизија, телефонија и интернет за околу 8,5 милиони домаќинства во 13 до 16 германски покраини. Водафон во јуни понуди 7,7 милијарди евра за германската фирма, со желба да го прошири своето присуство во Европа.
Слично
