„Водафон група“ го тужи „Телеком Италија“ за злоупотреба на својата доминантна позиција во Италија
„Водафон група“, Британскиот телеком провајдер го тужи „Телеком Италија“ за злоупотреба на својата доминантна позиција во Италија, барајќи отштета од повеќе од 1 милијарда евра.
Портпаролката на „Водафон“ за „Ројтерс“ изјавила дека !Телеком Италиј“а извршил серија на злоупотреби меѓу 2008-2013 со намера и ефект на попречување на раст во конкуренција на фиксната линија на италијанскиот пазар.
Во мај, Комисијата за конкуренција на Италија го казни „Телеком Италија“ со околу 104 милиони евра за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот на фиксна телефонија.
Телеком Италија најавија дека ќе поднесат жалба на ваквата одлука.
Слично
