Водачот на џихадистите од Белгија уште е на слобода!
Шефот на терористичките ќелии и главниот планер нападот на џихадистите врз полициските станици и патроли во Белгија уште е на слобода, изјавил министерот за правда Јоен Хенс.
Хенс денеска тоа го рекол за белгиската телевизија ВРТ, откако медиумите објавиле дека неколку џихадисти меѓу кои е и неименуваниот водач на терористите се уапсени во Грција.
Во меѓувреме од Атина демантираат дека меѓу Белгијците од арапско потекло кои вчера се прведени во серија на рација на грчката полиција има поединци поврзани со исламистичката група која ги планирала нападите.
Минатата недела тринаесет лица се уапсени, а двајца убиени во антитерористичката акција на белгиската полиција во неколку градови, вклучувајќи го и Брисел, и запленила поголема количина на оружје, муниција и експлозиви...
Властите тогаш соопштиле дека оваа група, меѓу која биле и ветерани од Ирак и Сирија, планирала серија напади на полициајците и полициските станици во Белгија.
Во земјата е прогласен терт од четири степени на опасност од тероризмот, а на полицајците кои ги обезбедуваат владините згради и други потенцијални мети од вчера и помагаат и воени патроли наоружани со автоматски пушки.
