(ВО ЖИВО) „ВРИЕ“ ОД ЛУЃЕ ВО БАРСЕЛОНА: Шпанскиот сенат ќе ги одземе овластувањата на покраината
Луѓе се собираат на улиците на Браселона откако Каталонија денеска прогласи независност од Шпанија.
Каталонците аплаудираат и се чувствува еуфорија. Нивниот број на улиците расте.
Шпанскиот Сенат, по денешната расправа за активирање на членот 155 од Уставот на земјата, што предвидува одземање на сите овластувања на каталонските власти, се очекува да спроведат гласање во 16.30 часот по локално време.
Народната партија на шпанскиот премиер, Маријано Рахој има мнозинство во Сенатот, со што голема е веројатноста активиранњето на членот да биде прифатен.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој нагласи денеска „Повторно ќе биде вратена законитоста во Каталонија“.
Слично
