Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВО ЖИВО) Последно испраќање на папата Франциск

(ВО ЖИВО) Последно испраќање на папата Франциск

На плоштадот Свети Петар во Ватикан утрово започна погребната церемонија за папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст. Светата миса ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, деканот на колегиумот на кардиналите, исполнувајќи ја последната желба на папата за скромен и достоинствен испрат.

На малите екрани може да се забележат бројни светски лидери и високи гости кои пристигнаа од сите краишта на светот за да му оддадат последна почит.

 По завршувањето на мисата, телото на Франциск ќе биде пренесено во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим за погреб.


Слично

Поврзани вести