Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во зима ќе има вакцина за коронавирус која ќе може да се користи?

Во зима ќе има вакцина за коронавирус која ќе може да се користи?

Неизвесно е дали оваа зима ќе ја има првата вакцина против коронавирусот, а Оксфорд универзитетот подгрева надеж. 

Првите клинички испитувања се извршени на повеќе од 1.000 волонтери и дадоа одлични резултати. 

Вакцината овозможува силен имунолошки одговор, создавање антитела кои можат да го победат вирусот на короната и незначителни нус појави. 

Британската Влада која е еден од спонзорите на проектот објави  дека ќе ја одобри вакцината кога испитувањата ќе покажат дека таа е потполно безбедна.

Оксфордскиот тим во создавање на вакцината соработува со британско-шведската мултинационалната фармацевстка компанија Астра Зенека. 

Истражувањата во моментов се во трета фаза, а се прави тестирање на 10.000 луѓе во Британија, Бразил и Јужна Африка, по што ќе следува и тестирање на 30.000 доброволци од Соединетите Американски Држави.

Русите и Кинезите исто така создадоа вакцина и таа се тестира. 

По 15 август во Русија вакцината ќе може да ја примат повеќе луѓе. 

Се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат вакцините пред да му ги дадат некому, вели американскиот имунолог Ентони Фаучи. 

Според него, да се каже дека вакцината е спремна за дистрибуција пред да биде тестирана, е проблем. 

Не го чекаме кандидатот за вакцина, туку онаа што може да се користи, вели Д-р Предраг Кон од Србија. 

Најверојатно ќе бидат во употреба, додаде тој, оние вакцини кои влегоа во третата, или пристапија кон третата фаза на истражување.

Слично

Поврзани вести