(ВО ЖИВО) Путин одговара на жешки прашања!
Околу 1.400 новинари го очекуваат претседателот на Русија, Владимир Путин во Центарот за меѓународна трговија во Москва, каде што тој ќе ја одржи веќе традиционална годишна конференција. Над 600 до овој момент се прашањата кон Путин, но не се знае колку од нив ќе одговори шефот на државата.
Како што соопштуваат медиумите бројката на новинарите е се поглема од досегашниот рекорд од 2008г., кога се пријавија 1364 новинари, а разговорот траел 4 часа и 40 минути. Традиционално, нема ограничување во темите кои Путин ги разговарал. Сепак експертите напoменуваат дека прашањата кои се поставуваат на рускиот претседател, се однапред одбрани од претставниците на Кремљ.
Минатата година претседателот разговараше со медиумите речиси 3 часа и 10 минути. Во тоа време тој одговори на речиси 50 прашања. Во 2008 година Владимир Путин успеал да одговори на повеќе од 100 прашања.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/k3qmruyCNm8[/embed]